НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
За 4лица
200 грама шеќер
5 јајца
250 грама мелени бадеми
200 грама маргарин
200 грама чоколадо за готвење
0,5 децилитри вода
Инстант кафе
За декорација
50 грама бадеми
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто изматете ги јајцата, шеќерот, мелените бадеми и квасецот.
Чоколадото за готвење искршете го и заедно со маргаринот истопете го на пареа, со постојано мешање. Кога ќе добиете компактна маса тргнете го садот од оган. Веднаш додадете го претходно подготвеното инстант кафе, мешајте за цело време. Оваа смеса додадете ја на претходно подготвената смеса од јајца.
Добиената смеса ставете ја во претходно намастен калап по желба и печете 45 минути на 200 степени Целзиусови.
Уживајте!!!
