Убавина

Сок од брусница за убава коса, грозје за убава кожа

Кога станува збор за убавината, палетата е се пошаренана. Јапонките ја кријат убавината во своите долги коси, а гркинките со помош на маслиновото масло гопостигнуваат убавиот тен. Но како им успева тоа??? Прочитајте ги нивните тајни кажани од експерти. Дознајте ги и научете како да ги припремите дома.

Австралија

Австралискиот стилист Наполеон Пердје, велеше ајдучката трева која ја користеле абориџинските жени – спречувала појава на стрии. Благодарение на својствата за навлажнување и хидратација. Коренот од ајдучката трева има антиинфламаторно дејство, кое ја смирува кожата. Ова средство има клучен фактор за смирување на кожата и претставува екстракт кој е од многу важно значење.

Чиле

Жената на Чиле, добива прекрасна кожа, благодарение на антиоксидантските моќи на грозјето. Тие прават паста со рачно соединување на грст гроздови зрна и 2 лаж. бело брашно. Од ова прават маска за лице која се остава да делува 10 мин. Потоа се измива. Таа го обновува лицето и ја буди свежината, на веќе уморната кожа.

Доминиканска Република

Ако некогаш сретнете Доминиканска жена, погледнете ја во ноктите- тие се премногу јаки. Која е тајната? Тие жени користат лук, за да им бидат тврди ноктит. Уситнуваат свеж лук, го додаваат во боцата од лакот за нокти и го оставаат да се сврзе 7 до 10 дена. Полош мирис не може да се направи, “ смесата е добредојдена ако сакате да избркате и по некој вампир”… Но сепак мирисот изчезнува, а ноктите ќе ви бидат цврсти, а сепак лукот ќе делува и антибактериски.

Египет

Убавината на Клеопатра, се состои на купките од млеко во бањата, со што се омекнува кожата и се отстрануваат мртвите келии. За да се проба овој третман дома, се препорачува да додадете 2 чаши млеко во во прав во водата за капење. Кожата ќе ви изгледа прекрасно, ќе биде мазна , свиленкаста и мека.

Франција

Француската жена, нема скрупули кога се работи за негата и одржуваењето на телото и убавината. Тоа за неа претставува посебна рутина. Според Shannon Gallogly естетичарката за француска убавина, но и лидер на брендот Деклеор, ова значи дека таа неделно, редовно оди на масажи и посветено го отстранува талогот од шминката пред спиење. Еве еден убав француски рецепт: Помешајте вишни и семе од калинка, нанесете го како маска на лицето и оставете 6 мин. Оваа маска ќе ви го подобри тенот со природни ензими . Извадете ја смесата со топол пешкир, за да  помогне во појачувањето на циркулацијата.

Грција

Грчките жени се благословени со медитеранска кожа,  која има светла боја, но има и доволно меланин да штити и да не ги апсорбира штетните УВ зраци. Но и ако не потекнувате од Грција сепак можете да ги испробате овие еликсири. Тие јадат медитеранска храна богата со риба, која подмладува и обезбедува омега 3, и омега 6, масни киселини, како и овошје и зеленчук, кои овозможуваат антиоксидантни киселини. Веруваат и дека маслиновото масло дава таков сјај на нивната кожа. Така што, не чекајте повеќе…посегнете по маслиновото масло.

Израел

Лековиотоста на морската сол, дава можност за ослободување од токсините. Помага и при лекување на болестите на кожата. Да добиете детоксификациска благодет направете го следново: ¼ шолја морска сол, помешајте со 1 прст морска алга во прав, ½ шолја масло за масажа и 10-15 капки масло од лаванда. Нанесете нежно и протријте.

Италија

Како италијанките го одржуваат својот сјај?

Италијанките користат, прекрасна комбинација од јогурт и маслинов зејтин. Протеините од јогуртот делуваат многу ефективно врз кожата. Се препорачува, да се помеша 1 шолја обично млеко и јогурт со 1 лажичка маслиново масло. Потоа нанесете на измиена коса, оставете да делува 5 минути, па измијте со ладна вода.

Јапонија

Рецептот за прекрасната свиленкаста коса на Јапонските жени се состои во јодот од Нори алгите, кој е богат микроелемент и е неоходен за здрав раст на косата. Тревата е исто така добар и богат извор на натриум, железо, цинк, селен, и бакар. Јапонците јадат Нори алги, но сварени и подготвени можат да се употребат како совршена смеса на сува коса како паста.

Шпанија

Шпански жени, имаат суптилни прамени, а ефектот го добиваат со помош на сокот од брусница. Помешајте ¼ шолја од чист сок, со ¼ вода и се испира косата со неа, потоа се измива со вода, под туш.

Ако се гледа на сонце третираната коса со сокот од брусница има прекрасна и богата нијанса.

Шведска

Жените на Шведска, успесите за својата блескако сјајна кожа и ги припишуваат на исхраната со антиоксиданси, спакувани во свежото овошје и рибата со скара. Рецепт: Сварете  минерална вода со зелен чај , да се помеша со вода па да се стави да се замрзне во коцкици. Сауните се исто така, се голем предизвик и дел на Шведската култура. Топлината го чисти телото од токсини. За да добиете ефект на сауна кај вас дома, една рака морска сол додадете ја со маслиново масло и 10 капки еукалиптус.

Втријте ја по целото тело, а потоа исплакнете со ладна вода.

Write A Comment