Иако не е најавена како главна модна боја за пролет – лето 2012, портокаловата боја се издвојува и прераснува во неизоставен моден детаљ во секој модерен орман на секоја модерна жена.
Портокаловата боја е спој на енергијата на црвената и среќата на жолтата боја, и затоа често се поврзува со радост, ентузијазам, среќа, креативност, одлучност, привлечност, страсти и стимулација.
Покрај тоа што ќе биде хит оваа сезона, портокаловата боја влијае и врз Вашето расположение.
Портокаловата боја е многу моќна боја, многумина се сложуваат дека таа е бојата која лечи, но голема маана и е тоа што отвора апетит и токму поради тоа и се препишува моќта на издржливост и виталност. Портокаловата боја стимулира креативност и ентизујазам.
Личностите кои носат портокалова боја се искрени и внимателни луѓе.
Портокаловата боја означува промени, па во кинеската култура доколку палите портокалова свеќа 7 ноќи по ред и доколку посакате некаква промена во животот тоа и ќе се случи.
Портокаловата боја е динамична боја и затоа се поврзува со топлината на сонцето.
Портокалова боја носете доколку:
– Доколку чувствувате дека времето Ви поминува без успеси.
– Доколку саката да бидете поконцентрирани.
– Доколку сакате да ја зголемите Вашата креативност.
– Доколку сакате промени во Вашиот живот.
Во портокалова боја спаѓа и златната боја, која дава чувство на престиж, мудрост и богатство. Златната боја често симболизира висок морален и етичен квалитет.




