Британската актерка е забележана во прегратките на нов дечко и тоа за време на фестивалот Coachella.
Emma Watson (22) до неодамна беше во врска со актерот Johnny Simmons, а врската ја прекинаа при крајот на изминатата година. Сега Hermiona дефинитивно има нов дечко.
Непознатиот дечко не можел да ги тргне рацете од прекрасната актерка за време на настанот кој се одржал изминатиот викенд во Калифорнија. Претходната врска на Emma не успеала поради огромниот притисок од работните обврски и поради преселбата на актерката во Велика Британија. Simmons тогаш не сакал да оди надвор од Америка, па крајот дошол многу набрзо по оваа одлука.
Инаку, Watson моментално го снима филмот „The Bling Ring“.


