ШоуБиз

Проблемите на Nicki Minaj од детството!

Nicki Minaj (27) во едно интервју изјавила дека имала многу тешко детство бидејќи нејзиниот татко Omar бил зависник од дрога и алкохол.

–          Кога бев мала, секој ден посакував да го убијам. Сакав да умре бидејќи ја малтретираше мајка ми. Со него никогаш не се чувствувавме безбедно, – се отворила хип-хоп пејачката.

Таа опишува како Omar под дејство на дрога или алкохол ѝ се заканувал на мајка ѝ дека ќе ја убие, а во една прилика ја запалил и куќата. Извори блиски со нејзиното семејство тврдат дека Minaj претерува и дека ситуацијата никогаш не добила толкави размери, иако и самиот Omar признал дека имал проблеми со зависност.

–          Nicki претерува за да ја шокира јавноста, но со таа изјава таа длабоко ги повреди членовите на семејството. На Omar му го скрши срцето, – изјавил блискиот роднина.

Write A Comment