Дестинации

Tsaprang – Изгубеното кралство на Тибет

Ова е едно од местата во кои љубителите на историјата и културата, ќе ја препознаат идеалната дестинација. Местото наречено Garuda се наоѓа во западната провинција во Тибет, Ngari и сведочи за едно изгубено кралство кое се протега од реката Sutlej  до Ladakh.

Во склоп на ова некогашно кралство се наоѓаат манастирот Tholing, планината Kailash  и религиозното езеро Manasarovar. Најатрактивното место е огромната пирамидална структура која ќе Ви го одземе здивот.

Ако набљудувате ова место подетално, ќе го забележите и присуството на пештерите како лавиринти и тунелите низ нив. Се шпекулира дека во античко време, постоеле два храма: Lhakhang Karpo (бела капела) и  Lhakhang Marpo (црвена капела), кои биле посетувани од страна на локалните жители. Интересно е што тунелите се поставени во скалест сет, кој постепено води до монасите, а постепено, како што се доаѓа до врвот, глетката станува се поубава.

Tsaparang заедно со  Tholing почна да постои повторно, со воведувањето на будизмот во Западен Тибет, од страна на кралот Yeshe O, во 11 век. Со текот на времето, Tsaparang потпаднал и под исламот, но и покрај тоа, волшебните, преубави фрески кои датираат од тој период, сеуште постојат и сведочат за едно изгубено кралство во кое доколку сте љубители на традицијата…

Ќе се пронајдете !!!

Write A Comment