Мојата кујна

Крем коцки со бадеми

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 јајца

400 грама шеќер

250 грама бадеми

3 лажици јако црно кафе

1 лажица остро брашно

120 грама путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Направете шлаг од 5 белки. Постепено додавајте го 250 грама шеќер непрестајно матејќи со миксер. Откако ќе добиете цврст шлаг додадете ги мелените бадеми, лешници или ореви.

Смесата поделете ја во 2 дела. Во намастен плех за печење на умерена температура 160 степени Целзиусови 20 минути испечете 2 кори.

За крем. Изматете ги 5 жолчки со преостанатиот шеќер. Додадете го претходно свареното јако црно кафе и брашното и сварете крем на пареа.

Откако кремот ќе се олади додадете го во добро изматениот путер.

Филувајте ги корите. Декорирајте по желба.

Уживајте!!!

Write A Comment