Направете лустер кој може да го ставите во домот или во дворот. Со него ќе постигнете убава и топла атмосфера. Не ви се потребни многу пари и време.
Надувајте ги балоните. Обележете со маркер до каде треба да го обмотате со коноп. Потоа целиот балон премачкајте го со вазелин. Потоа почнете со обмотување.
Правете го тоа вертикално па хоризонтално… Кога ќе завршите со конопот целиот балон убаво премачкајте го со смесата која ја направивте од пченкарен скроб, лепак и топла вода. Оставете нека отстојат 24 часа, а потоа испукајте ги балоните. Лустерите се спремни да ги закачите.