Art & Crafts

Мудар ловец или плен на лага на социјалните мрежи ? … Одлучете Вие!!!

Одлучивте или случајно ви се „позлати“ да се запознаете со сладок/тка личност со прекрасна коса, убава насмевка, прекрасно тело …

Неизвесноста го започнува својот танц а Вашите мисли постојано летаат кон таа личност. Почнувате да го исчекувате секое негово појавување на друштвената мрежа.

Прашањето кое сигурно си го поставувате е дали таа личност е вистинска или се е само лага во која упорно верувате !!!

Истражувањето на Универзитетот Viskonsin-Medison ја откри шифрата за лажговци. Имено студијата покажала дека личностите кои избегнуваат да ја користат заменката „Јас“ најчесто лажат за своите години, тежина, висина, општествен статус и така натака.

„Лажговците тоа го прават затоа што сакаат да се дистанцираат од себе и од своите лажни изјави“ – објаснува Katalina Toma професор по комуникација на Универзитетот Viskonsin-Medison.

Исто така треба да се биде претпазлив со личностите кои ја користат негацијата како комуникациско средство. Имено наместо да кажат дека се среќни тие Вие ќе прочитате „не сум тажен ок сум“. Наместо да кажат дека се интересни тие ќе ви кажат дека не се досадни и така натака.

Исто така лажговците на општествените интернет мрежи користат кратки и општи реченици за да во понатамошната комуникација можат да ги објаснат а со тоа да ја добијат Вашата доверба.

Истражувањето исто така потврди дека луѓето кои на своите профили користат репрезентативни фотографии од интернет избегнуваат да говорат за нивниот изглед и повеќе го насочуваат разговорот кон нивните животни достигнувања.

Истражувањето недвосмислено потврди дека над 80 проценти од личностите кои користат друштвени интернет мрежи да комуникација ја користат лагат за да придобијат поени или одредени услуги.

На вас останува дали ќе се запрашате дали ќе ја барата Вашата совршена личност на интернет мрежите !!!!

Write A Comment