Katy Perry одлучила да ја прекине кратката романса со францускиот модел Baptiste Giabiconi.
Наводно, пејачката сфатила дека пет години помладиот модел само ја користи со цел да добие на популарност, но и да започне своја сопствена пејачка кариера, со оглед на тоа што веќе снимил неколку песни. Кога конечно сфатила дека повеќе го интересираат музичките продуценти отколку таа, веднаш го оставила.
– Baptiste постојано инсистирал да дојде во Лос Анџелес и да ги запознае музичките продуценти со кои соработува Katy. Пејачката и порано се прашуваше дали неговите намери се искрени, бидејќи тој обожаваше да се слика со неа, особено кога папараците беа во близина, – изјавил изворот близок до Perry.
По раскинувањето, Katy отишла во Индија да пронајде малку душевен мир.
