Lomme, креветот со единствен дизајн овозможува потполно освежување за умот, телото и душата…
Овој уникатен кревет во облик на јајце е креиран од страна на познатата полска дизајнерка Agneiszka Bernacka, после две години истражување околу терапиите, проблемите и навиките за време на спиењето.
Lomme креветот ги користи најсовремените технологии, овозможувајќи на своите корисници пријатно осветлување и „ звук терапија “. Елиминирајќи ги надворешните пречки, носи чувство на заштита, безбедност, како и позитивно влијание на расположението. Ова парче мебел со својата софистицирана едноставност, претставува уметничко дело и место за подмладување.
Покрај единствениот дизајн, содржи и доста корисен простор наменет за уреди како I- pod, mp3 player…
Цената на овој неверојатен кревет за посреќен живот изнесува 63.000 американски долари.










