ШоуБиз

Купете апарат за домаќинство на Justin Timberlake :)

Пејачот, актер и креатор Justin Timberlake сега ќе дизајнира декоративни предмети за домаќинство.

Тој најавил дека ќе лансира сопствена линија предмети за нашите домови во соработка со брендот „HomeMint“.

–          Ќе дадам сѐ од себе колекцијата да биде елегантна, едноставна и достапна за секого. Навистина не сум од оние познати фаци кои ви продаваат работи кои сами никогаш не би ги купиле, – изјавил пејачот.

–          Ниеден предмет нема да биде нешто повеќе од работите што јас ги имам дома. Успехот се крие во детаљите, како и стилот. Сакам да ви понудам нешто што нема за една обична шерпа да ви го испразни цел паричник.

Кога купувал, тој и самиот обрнувал внимание на детаљите и постојано ги споредувал апаратите за во кујна.

–          Сакам да купам нешто корисно, издржливо, но да се усогласи со мојот личен стил, – завршува Justin во интервјуто за „Elle Decor“.

Write A Comment