Телото на овој супермодел дефинитивно успешно им одолева на годините, а таа тоа го докажа и со новиот едиторијал кој го снимила за списанието „Allure“ за месец мај. На една од фотките, Heidi Klum нема никакво парче облека на себе…

Додека нејзиниот поранешен сопруг Seal бакнува други девојки што личат на неа, таа повторно го освојува врвот на модната индустрија. Никој не очекуваше дека Heidi ќе се соблече гола за потребите на престижното списание, а кога фотките се појавија во јавност, веднаш почнаа да „летаат“ позитивни коментари. Супермоделот е горд на себе што никогаш нема направено пластична операција и дека сѐ на неа е природно.

Покарј фотографиите има и снимка која настанала во студиото додека русокосата убавица позирала. Погледнете и уживајте:
http://www.youtube.com/watch?v=8bYWj8cRors&feature=player_embedded
Неодамна, на едно снимање таа повторно била забележана во друштво на Thomas Hayo за кој се шпекулира дека е нејзиниот нов дечко.

