Amanda Seyfried е повторно сама за среќа на нејзините додворувачи. Актерката и нејзиниот колега Josh Hartnett ја прекинале 4-месечната врска.
Според близок извор на актерката, причината за раскинувањето е тоа што Amanda сеуште има посебни чувства кон Dominic Cooper, колегата од филмот „Mamma Mia“.
– Таа се трудеше што е можно почесто да се гледа со Hartnett, но навистина не им одеше. Затоа таа реши да ја прекине врската, – изјавил пријателот.

Инаку, актерката неодамна искоментира дека не сака често да ги менува дечковците и дека воопшто не е промискуитетна.
– Не сакам да се впуштам во нешто за кое не чувствувам дека е она вистинското. Се ужаснувам да сум во врска со некој ако тоа искрено не го посакувам. Моментално ми е прифатливо покрај мене да нема ничие голо тело. Покрај мене е само моето куче, – изјавила Amanda и додала дека следниот човек со кој ќе биде во врска, најверојатно ќе биде и таткото на нејзините деца.
