ШоуБиз

И Adriana Lima зборува турски! :)

Супермоделот Adriana Lima на својот Твитер профил се пофалила дека е новото заштитно лице на брендот „Mavi“.

Прекрасниот модел се наоѓа во најновата рекламна кампања на брендот и како што можеме да видиме од снимката, таа одлично се снашла во улогата на девојка која течно говори турски.

За оние кои не знаат, „Mavi“ е популарен бренд за облека во Турција, а особено се познати по квалитетниот тексас кој го продаваат.

Што велите вие за рекламата и турскиот јазик на Lima? Да не почне и таа да следи турски серии сега?

Еве како изгледа рекламата:

Write A Comment