Bridal

Долна облека за невести

Поминете ја првата брачна ноќ во совршената белина на Agent Provocateura

Не е тешко да бидете сензуална и заводлива во оваа колекција посебно ако се работи за најважниот ден во живот на секоја жена – венчавката. Пролетно-летната колекција, нуди избор за секоја невеста, но и на секоја жена. Тоа се прекрасни парчиња во бела нијанса.

Agent Provocateura е познат по провокативните кампањи и колекции, кои редовнo нé оставаат без текст. Оваа компанија помалку е различна и посебна, па преку нежна призма прикажува романтична верзија на облека која не е тешко да се замисли како составен дел на аутфитот за венчавката.

Love, линијата нуди избор на парчиња од луксузна француска чипка, кои совршено се вклопуваат со свилените тракички и машнички.

Втората линија се состои од 3 различни комбинации под име Teasle, Sidonie & Katerine. Секоја од нив дискретно ја заголицува вашата имагинација со неодоливата нијанса на слонова коска.

Sidonie во себе крие луксузна француска чипка со цветни примероци комбинирани со сатен. Инспирацијата за дизајнот е пронајдена од 60 г. на минатиот век, и потполнета е со интересните детали на овој дизајнер.

Нешто потемните нијанси на белата боја, лесно преоѓаат во бојата на кожа, во линијата на Katherine таа совршено се вклопува со мекиот сатен и облите линии во крој.

Последниот модел во колекцијата на Teasle, која е истотака е неодолив потсетник на 60 тите години. Изработена од чипка и боја на слонова коска има на себе згоден детал со пердувести помпони на сатенски тракички кои даваат игрив и  весел ефект.

 

Write A Comment