Убавина

Како да ја спремите косата за оваа пролет

Зимата и ладната температура, честопати оставаат зад себе, видлива штетна трага на нашата коса. Таа станува, кршлива и сува, лесно расцветува и е подложна на надворешните промени и влијанија.  Но со оглед на тоа дека, пролетта е тука, време е да и помогнете на вашата коса и да ја обновите на време.

Ви представуваме, неколку совети, како вашата коса, да ја вратите во живот и да ја направите повторно, убава, здрава и сјајна.

  1. Користете серум за коса, како би додале влага и заштита од сонцето и од топлите апарати за стилизирање. Негувањето со арганово масло исто така може да помогне, бидејќи ја храни вашата коса.
  2. Заштитете ја косата од врелината на фенот, така што ќе ја сушите на помала температура. Пожелно е да купите препарат за заштита од топлина. Никако немојте да ја триете косата со пешкир, туку благо повлечете, и отстранете го вишокот од вода.
  3. Освежете го вашиот изглед со нова фризура. Косата можете да ја скратите или да ја промените бојата. Многу е важно, да одите на фризер после ладната зима, да ви ги отстранат расцветаните врвови и да го повратите здравиот изглед на косата.
  4. Заменете ја четката за коса. Наместо пластични, користете чешли кои се дрвени или од друг природен материјал. Тие се најдобри за косата бидејќи не ја поткинуваат и кршат. Редовно чешлајте ја косата, за рамномерно да ја распоредите природната маснотија.
  5. Не зборавајте да ставате маски за коса. На пазарите можете да најдете за секој тип на коса соодветно, а доколку не ви се пристапни цените, секогаш можете да ги направите дома. Маската би требало да ја практикувате барем еднаш во неделата.

Write A Comment