ШоуБиз

Како Victoria Beckham го прослави роденденот? :)

Victoria Beckham била во центарот на вниманието на сите присутни додека го прославувала својот 38-ми роденден.

Била натрупана со подароци, цвеќе и балони. Сепак, дизајнерката не си дозволува да се опушти дури ни на овој ден. Таа за роденденот кој го прославила со семејството не се почестила со парче торта. Во ресторанот во Беверли Хилс, Vicky си нарачала овошна салата.

Под сликата која ја поставила на Твитер, Victoria напишала:

–          Роденденски ручек! Каков прекрасен ден!

Пред да излезат на ручек, нејзините најблиски ѝ приредиле изненадување во домот во Лос Анџелес. Утрото ја пречекале балони и цвеќиња, а своето воодушевување го споделила со пријателите на новиот Фејсбук профил.

–          Каков неверојатен ден со моите дечки и Harper!

Write A Comment