ШоуБиз

Irina Shayk промовира книга! :)

Познатиот руски модел Irina Shayk вчера пристигнала во Истанбул, а целта на оваа посета била да ја промовира новата книга на модниот бренд „Intimissimi“со наслов „The Perfect Bra Book“. Книгата ќе биде промовирана уште на четири други места месецов, во Мадрид, Лисабон, Москва и Лондон.

Shayk воопшто не одговарала на прашањата на бројните новинари кои се собрале на истанбулскиот аеродром „Ataturk“ само за да се сретнат со моделот и да добијат некоја информација плус.

Познатиот модел најверојатно ќе ја промовира книгата во некој од главните трговски центри во Истанбул, но за сега не се знае точно на која локација. Во книгата се претставени 12 нови модели на градници кои ќе бидат популарни во претстојната сезона.

Write A Comment