Убавина

Скриените пораки на долната облека !!!

Долниот веш е многу повеќе од предмет за облекување кој треба да биде сокриен под гардеробата… Жените го обожаваат убавиот долен веш, но ретко размислуваат околу тоа… што всушност  бојата на градникот или гаќичките…кажува за нив ???

Боја на кожа

Жените кои преферираат долен веш во оваа боја се опуштени, едноставни и немаат што да скријат.

Бела боја

Белата боја отсекогаш симболизирала чистота и невиност и е омилена како избор за долен веш помеѓу младите дами. Жената која најмногу сака бел долен веш отворена е и сака да учи.

Црна боја

Ова е бојата на вечниот стил, а освен тоа што љубителите на модата ја сакаат, ја носат и жените што сакаат да изгледаат повитки. Долен веш во црна боја симболизира силна, шармантна личност, секси и страствена жена.

Црвена боја

Црвената боја е боја која ги буди љубовта и страста и привлекува позитивна енергија. По малку лукавата жена, која знае што сака и драматизира, ја избира црвената боја. Оваа боја им помага на жените да бидат посамоуверени.

Розова боја

Женствената розова боја е нежна, романтична и слатка, а жената која ја носи оваа боја е сензуална и не сака да превзема контрола. Нежна нијанса на оваа боја е идеална за првиот секс со новото момче, бидејќи смирува и опушта.

Виолетова боја

Оваа боја е кралска и означува енергија, гламур и софистициран вкус на сопственичката на долниот веш. Темновиолетовата нијанса привлекува внимание, а светлата нијанса ја буди романтиката.

Сина боја

Една од најомилените бои на многу луѓе е бојата на море и небо – сината.Понежната смирува, а потемната покажува храброст. Жените најчесто не го кријат синиот градник, бидејќи одлично се вклопува со фустанот или маичката во слични нијанси.

Жолта боја

Една од највеселите бои, е дефинитивно жолтата. Оваа боја буди позитивни чувства, самоувереност и радост. Гаќичките во жолта боја моментално го подобруваат расположението и го потврдуваат ведриот карактер на сопственичката.

Write A Comment