Што е тоа што го имаат како бенефит луѓето кои живеат во овој апартман?
Простор, удобност, стил и константно чувство на добредојденост, приватност од остатокот од светот…
Да видиме на кој начин, ремек делото од 300 метри квадратни, ги исполнува сите овие карактеристики на совршен дом. Станот дизајниран од страна на Alexander Chervinskyi и Azovskiy & Pahomova Architects . Самиот план е поделен на „ активни “ и „ тивки “ зони, кои се гарнирани со текстури и бои кои обликуваат елеганција.
Големата заедничка соба, вклучувајќи ја и светлата дневна соба и соседните отворени простории во вид на трпезарии, инспиративниот канцелариски простор, го обликуваат „ активниот “ дел од овој дом, додека кујната, огромната спална, трите детски соби, гостинските соби и бањите се вклучени во зоната на приватност. Дневната соба има пристап до прекрасните пејзажи преку огромните прозорци кои внесуваат дополнителна топлина во просторот.
Овој стан, кој инаку се наоѓа во Украина, дефинитивно ги има сите основи за да биде прогласен за дом од соништата !




















