Подгответе природен пилинг за лице и тело кој може да го чувате во фрижидерот и до еден месец. Добрата страна на овој пилинг е тоа што е направен од комплетно природни состојки кои освен тоа што ќе ја исчистат вашата кожа, воедно и ќе ја нахранат со многу витамини. Сето тоа ќе ја освежи кожата и ќе го спречи процесот на стареење на кожата.

Потребно ви е: ¼ шолја мелени бадеми, ¼ шолја кафеав шеќер, 2 лажици мед и 3 лажици масло од сладок бадем. Ставете ги состојките во една тегла и убаво измешајте ги. После секоја употреба вратете ја теглата во фрижидер за да може подолго да го користите пилингот.

