Убавина

7 Тајни за нега и убавина кои ги препорачуваат бабите

Младите, не ретко, ги сфаќаат како досадни советите на постарите. Ги дефинираат како наметливи, премногу душегрижнички, а младите сакаат се, само не да има правила. Но со староста, доаѓа и мудроста. Па зошто да не се осврнеме барем накратко, на советите за убавина кои старите би ги ни препорачале после сето нивно искуство . Прочитајте за да ви биде полесно понатаму…

Ова се неколку задоволни девојки, кои ни кажаа дел од советите за нега на лице наследени од нивните баби:

Не ги чупајте веѓите многу тенко.

Секогаш имајте исчупани, но подебели веѓи. Грижете се на бидат во полна форма, но да немаат несакани влакненца, дури и да се подебели, подобро е, отколку да ги истенчите. Чупајте ги веѓите сами, не дозволувајте другите да го прават тоа за вас – бидејки ќе отстранат премногу. Верувајте ми, на тој начин, ке бидете единствената , која по 30-тата ќе има сеуште природни веѓи.

Секогаш вадете ја шминката пред спиење

Нека ви биде навика да ја отстраните сета шминка која се има наталожено во текот на денот. Ова се совети на жени кои се уште имаат нежна кожа иако се во поодминати години, и велат дека резултатот е позабележлив од првиот момент кога ја сфатиле важноста на грижата за лицето.

За благ сјај на кожата, 1лажиче алмондиново масло, 1/2 лажише мед, нанесете го на лицето и измијте се по 20 мин.

Масирајте ја косата еднаш неделно, со кокосово масло.

Потоа, користете маска од  боровница и мед за помека кожа.

За крај, но не и последен е советот , не се потресувајте за се.

Покрај тоа што придобивките на стресовите се загуба на енергија, тие ќе ве почастат и со брчки.

Секогаш нанесувајте ја прво маскарата. Ке забележите дека ќе ви треба многу помалку друга шминка кога ќе забележите дека трепките ви се одлично средени.

Write A Comment