ШоуБиз

Како снимаат „Maroon 5“? Со распукани усни :)

Распукани усни и расечен образ е конечниот резултат од снимањето на најновото музичко видео на фронтменот на групата „Maroon 5“, Adam Levine.

На својот Твитер профил тој објавил слика на која гордо ја покажува својата крвава уста, потоа подуениот образ и расечената веѓа.

–          Тешко утро, – бил кратиот коментар под сликата. Сепак, мора да ве информираме дека овие повреди на лицето на Levine се само шминка.

Пејачот по неколку соло проекти повторно му се посветува на својот бенд кој во јуни треба да го објави четвртиот студиски албум. Моментално го снимаат спотот за песната „Payphone“ за кој всушност настанале овие „повреди“.

 

Write A Comment