Дали Justin Bieber и Selena Gomez веќе ја планираат нивната свршувачка? Последните гласини кои се појавија во медиумите ја прикажуваат оваа можност како реална и дека младата двојка била забележана во неколку продавници за накит како бараат дијамантски прстен.
Неколку личности кои се блиски до овој пат тврдат дека „тие се убедени дека свршувачката е во многу скора иднина“.
Настрана од гласините, Selena и Justin биле забележани како заедно следат еден кошаркарски меч во Лос Анџелес, а папараците успеале да ги фатат како се бакнуваат на трибините. Според нивните Твитер статуси, Justin навивал за домашниот тим, а Selena за гостинскиот и токму тие победиле со 112:91. Браво за типот на Selena!
