Издвоивме неколку основни пролетни тенденции што се однесува на актуелните машки чевли за оваа пролет. На прво место тоа се удобните пролетни патики, кои најчесто се во светли бои и изработени од платно. Потоа чевлите изработени од превртена кожа во убави нијанси на сино, кафеаво, црно и сиво, како и свечените чевли изработени од полуксузна кожа со интересни додатоци како повисока платформа или каиши.









