Со широка насмевка на лицето, Nicki Minaj се прошетала со нешто на себе за кое сите претпоставуваме треба да претставува здолниште.
Кога девојките бираат нешто за излегување преку ноќ, најчесто се одлучуваат за фустанчиња кои откриваат што е можно повеќе можа, ги нагласуваат градите и секако, привлекуваат внимание. Сепак, за Nicki ова не е правило. Таа повеќе сака да излегува облечена во свој стил.
Овој пат на себе облекла високи потпетици, светло црвена јакна и нешто што треба да биде здолниште. Ланците и кожните ремени изгледаат навистина неудобно, но очигледно тоа не ѝ пречи на екцентричната хип-хоп пејачка.
Што мислите вие за оваа чудна комбинација?

