Sweet Home

Вертикални градини

Во станбениот простор немаме многу место за природа. Затоа со модерните архитектонски решенија, дојдоа на сцена новите вертикални градини. Тие станаа се попопуларни и во модерната архитектура на големите градови. Претставуваат одличен начин за декорирање на фасада или на внатрешна просторија, како и убав естетски детал, кој го прочистува воздухот и го оплеменува просторот.

Придобивките на овие градини се многубројни, но ние, ќе наведеме само неколку: Важно е да се бираат само билки кои немаат долги корења, за да не ја оштетат фасадата. Овие бавчи не бараат земја, туку минерален субстракт, се залеваат со вода со минерали.

Вертикалните градини, ја намалуваат буката, флуктуацијата во температурата, ја филтрираат водата, прашината и ги абсорбираат загадените честици.

Ја акумулираат енергијата која зрачи од мониторите.

Овозможуваат заштита во случај на пожар.

Ја зголемува трајноста на фасадата, бидејки штити од ветер, ув зрачења, и температурни разлики.

Затоа, доколку имате простор, мал двор, живеете во зграда…Најдете мало катче во вашиот дом и ослободете малку простор за големото пространство на природада….Нема да погрешите.

 

 

Write A Comment