Кога станува збор за накитот од кристали и камења, жената најчесто останува фасцинирана, бидејки тој пленува не само со својата боја , уникатност и убавина, туку поседува и прекрасна племенитост.
На оваа колекција, беа понудени прекрасни дизајни, со светкави камења, фантастични бои, модели кои зрачат со софицираност и гламур. Инспириран од Викторијанскиот стил, Американскиот дизајнер успешно доловил симбиоза помеѓу модерната стилизација и минимализам, со луксузниот и уметнички домен.













