Heidi Klum е позната русокоса и секс симбол, па дури ни нејзините најверни фанови не би ја препознале на оваа слика. Манекенката на Твитер ја објавила својата фотографија од далечната 1992 година кога имала само 19 години и на која изгледа речиси потполно поинаку отколку сега.
Под сликата напишала:
– Погледнете ја оваа фотка од 1992 година. Се работи за една од моите први слики и ова е мојата природна боја на коса.
Во тоа време, Klum победила на државното натпреварување во Германија со наслов „Model 92“ и тогаш започнала нејзината манекенска кариера. Вртоглавниот успех и слава го постигнала кога почнала да соработува со модната куќа „Victoria’s Secret“.
