ШоуБиз

И Beyonce прави утки :)

Дали и вам ви се чини дека понекогаш познатите ѕвезди не знаат што да облечат? Beyonce досега нѝ има покажано дека навистина знае што е добар вкус за облека, но овој пат покажа нов стил на облекување, кој не е ниту смел, ниту класичен.

Облечена во кратки шорцеви и црни хулахопки со дупки, пејачката покажа дека една жена може да биде секси и во неформално, необично издание, но мора да призанеме дека досега оваа комбинација е најнеобична кога станува збор за начинот на кој Beyonce се облекува. А, згора на сѐ, си обула и црни патики!

Како и да е, нема сомнеж дека како и да се облече Beyonce, секогаш ќе го привлекува вниманието на јавноста.

Write A Comment