ШоуБиз

Alec Baldwin бара помош околу свадбата! :)

Актерот Alec Baldwin побарал помош од своите следбеници на Твитер да му помогнат да си ја организира својата венчавка.

Венчавката со неговата свршеница Hilary Thomas треба да се одржи оваа есен, па актерот учтиво ги замолил своите фанови за помош и идеи.

–          Има ли некој замок кој нема да се користи во септември? – запрашал актерот, откривајќи какви му се првичните замисли за венчавката.

За жал, немало никој да му понуди соодветно место, па фановите малку го исмеале предлогот на Baldwin, по што тој напишал:

–          Што? Нема никакви понуди? Па, добро, ако нема замок, дали можеби некој од вас има голем шатор?

Alec претходно беше во брак со Kim Basinger .

Write A Comment