Еден од модерните стилови на шминкање е комбинацијата на силни и пастелни бои. Сеуште важи правилото преку ден да ги користите пастелните бои, а навечер да ги истакнете очите.
Подлога – нанесете течна пудра за нијанса потемна од вашиот тен, преку него ставете малку бронзер, особено на јаболчниците. Користете го како руменило.
Дневна шминка – На очите ставете сенка во кремаста боја, искомбинирајте ја со сенка во праска боја, светло сина или светло зелена, во зависност од вашата облека. Ставете поголем слој на маскара.
Вечерна шминка – ставете туш или црно моливче на очите. Искомбинирајте ги силните бои со пастелните бои. Нив може да ги задржите на очите, но дополнете ги со некоја силна боја со која ќе ги истакнете очите.
