Градината, денес е придобивка во која уживаат само мал број на луѓе. Забрзаниот стил на живот, менувањето на навиките, но и малиот стамбен простор, ги доведоа градините до работ на изумирање, посебно во градските подрачја.
Малите градини, можат да бидат вистински оази на мирот и опуштањето…Корисен додатен простор за сушење на алишта, но и поприличен трн во око, доколку не знаете, како да го уредите но за среќа, помалку простор, често значи и помалку работа.
Пред се, одолејте и на желбата да ги остварите сите свои желби. Застанете, одредете ги приоритетите. Сакате ли во дворот да си направите простор за играње за деца, или да засадите некои зачински растенија или можеби цветна градина? Целта на вашата градина е да биде катче во кое ќе цути радоста и да изгледа што е можно по пространо.

Билки:
Покрај зелената боја, ограничете се на една, или максимално 2 бои. На тој начин ќе ја спречите колористичката задушеност и визуелното смалување на просторот. Доколку ви се чини , премногу монотоно, одберете повеќе нијанси од една боја, на пример од розева боја до виолетова.
Прилагодете ги билките на теренот. Ако вашата градина се наоѓа на кров или на тераса, најдобриот избор се големи тегли со цвеќе. Кои секогаш, можете да ги преместите. Припазете, да не се отровни билките, добро проверете го тоа, доколку имате деца или животни во станот.

Дизајн
Бидејки малите градини, најчесто имаат четвртести облици. Избегнувајте ги ќошевите. Можете да ги поплочите со овални плочи, да ставите округла маса или столици, а во аглите ставете или засадете билки кои ќе ги покриваат.
Држете се за светлите бои на намештајот и на еден стил. Фузијата на стиловите е интересна само во големите градини, зашто во малите исто како и во станот, може да дојде до пренатрупаност и до кич. Минимализмот во намештајот во една боја и без многу детали, исто така може да изгледа фантастично. Истото важи и за изборот на оградата и декоративниот камен. Ако се двоумите помеѓу натрешница или чадор? Ви го препорачуваме чадорот и летна масичка, бидејки, можете секогаш да ги преместувате, а на тоа место да направите детско игралиште.

Создавање на илузија
Изборот на вистинските бои, може визуелно да го зголеми дворот. Белата позадина го отвара просторот, а црната помага во креирањето на длабочина. Еден ѕид обојте го во бела, а другиот во црна или кафена боја, измеѓу можете да засадите многу билки, да се добие впечаток на изобилство.
Водата може да создаде најдобар ефект за зголемување на дворот, но и водопадот може да се смести покрај зидот.

