Убавина

Нега со млеко

Сигурно сте слушнале , дека млекото ја омекнува и храни вашата кожа.

Но дали сте знаеле дека, комбинацијата со бадеми и мед, краставица, лимон и етерично масло, може да ги заменат поголемиот број на препарати за нега на кожата.

Млекото може да се користи за нега на сите типови на кожа,  дури и за најосeтливите, поради  тоа што не ја ремети ПХ вредноста. Сепак имајте на ум дека на масната кожа ќе и одговара обраното млеко, за разлика од сувата кожа на која и делува полномасното млеко.

Излупената краставица е идеална за освежување и темелно чистење на кожата, а во комбинација со млекото ќе ја направи посјајна и мека.

Начин:

Излупената краставица изрендајте ја и добро помешајте ја со лажица млеко. Добиената смеса нанесете ја на лице, благо измасирајте ја кожата и оставете ја маската 20 мин. на лицето, потоа исплакнете со млака вода.

Освежителен напиток за поубав ден.

Шолја, топло млеко  пред спиење ќе ви приреди цврст сон, ќе ја ублажи напнатоста и ќе ви ја разубави кожата. Доколку не сте љубител на млеко , додадете лажица мед и уживајте.

Маска за тело со банани

Идеална маска за мазна кожа на телото, ќе добиете ако ја изгмечите бананата и ако додадете малку млеко. Секако водете сметка да не биде многу ретка смесата, за да не се слева. Држете ја да делува 20 мин. потоа истуширате се.

Облога за уморни очи

Памукчиња натопени во млеко, можат да послужат како одлична облога за уморните очи. Доволно е да делува 15 минути и да осетите олеснување,  а ако го практикувате ова секој ден , ке се спасите од темните кругови околу очите.

Медена купка:

За туширање потребно е да припремите бокал, наполнет до пола со млеко, а потоа додавајте мед. Се добро измешајте, за да се истопи медот, потоа влесете во кадата и рамномерно полејте се со смесата. Вашата кожа после овој третман ќе биде мека и сјајна.

Ви преостанува само да се опуштите и да уживате!!! 

Write A Comment