Убавина

Опасна бижутерија

Во земјите од Европската унија пред помалку од еден месец се забрани продажбата на накит од кадмиум. Причина за тоа е високата токсичност на овој метал присутен во секое парче бижутерија кое е присутно на пазарот.

Евтината бижутерија која ја користат огромен број на девојки а која потекнува од пазарите на Кина и Индија е екстремно токсична и штетна по здравјето на жената.

Кадмиумот и легурите од кадмиум се високо токсични метали кои служат како средство за поврзување на елементите на накитот и како замена за среброто и златото.

Кадмиумот има бронзена боја, а неговите легури сива или златна и често во допир со кожата оксидира, а тоа е начинот на кој токсичните материи навлегуваат во организмот. На местото на контактот се појавуваат црвенила и воспаленија кои доколку не се третираат можат да доведат до појава на рак на црниот дроб, бубрези и коски.

Бижутеријата која во себе содржи кадмиум е присутна и во продавниците во Македонија. Затоа при купување на истата потребно е да се заинтересирате за потеклото на „убавото“ парче накит.

Write A Comment