Очигледно старлетата Kim Kardashian и раперот Kanye West повеќе не се обидуваат да ја кријат својата врска од јавноста и последно се забележани од папараците во саботата како се шетаат еден до друг низ улиците на Њујорк.
Според репортерите, двојката била посебно расположена и двајцата постојано се смееле уживајќи во сончевото попладне. Kim во сладоледот, а Kanye во прекрасното друштво.
Kim веднаш напишала на Твитер колку е среќна што повторно е во Њујорк и дека прекрасно си поминува. Веднаш по пристигнувањето во „Големото јаболко“ таа се сретнала со Kanye кој бил во нејзиниот хотел, пред да излезат на вечера околу 1.30 часот по полноќ. На крај, двојката завршила во станот на раперот.

