Претседателската кампања на Barack Obama вклучува и една доста интересна понуда.
Имено, на потенцијалните донатори на кампањата, им се нуди можност да освојат вечера со претседателот на САД и со актерот George Clooney. Вечерата ќе се одржи во домот на актерот во Лос Анџелес, а засега се очекува да се соберат околу шест милиони долари за кампањата на Obama.
Секој кој ќе донира пари на Демократската партија и тоа повеќе од три долари, може да се натпреварува за оваа вредна добивка. Местото на вечерата може да се купи и без пријава во наградната игра, но цената му изнесува 40.000 долари.
Ајде, што чекате да аплицирате? Инаку, претседателските избори ќе се одржат на 6-ти Ноември, оваа година.
