Само неколку недели откако го роди првиот син Luca, Hilary Duff ѝ покажа на јавноста како изгледа по породувањето.
Актерката и пејачка се прошетала до едно локално кафуле и како и секогаш не ја симнувала насмевката од лицето за време на целата прошетка. Била облечена во алишта за вежбање и обични балетанки.
Иако вишокот колограми и понатаму е очигледен и присутен кај Hilary, таа верува дека за кратко време, со редовно вежбање, ќе се врати на првобитната телесна тежина.
Инаку, од денот на породувањето па до сега, Hilary постојано става слики на Твитер на кои е со своето дете и сопругот. Што вие мислите за ова издание на актерката?



