Мојата кујна

Пица со сардини

Потребни состојки:

  • 200гр- меко брашно
  • 50гр-пармезан
  • 30гр-путер
  • 12 маслинки
  • 10гр квасец
  • 2 лажици масло
  • 1 јајце
  • 1дл млеко
  • 1 мала конзерва сардини
  • 1 домат средна величина
  • ½ лажичка сол
  • малку шеќер

 

Начин на подготовка

Во сад да се стави брашното, да се направи во средина простор и во него да се стави квасец и млако млеко.(во квасецот се става малку шеќер) Квасецот се прекрива со неколку супени лажици брашно.

Се остава тестото да отстои 15 мин. до топол шпорет па се додава путер, јајца и сол. Се залива со млеко, па се мати со лажица додека не стане смесата шупликава.

Да се покрие тестото со чиста платнена салвета и се остава двојно да нарасне.

Округла, подлабока тепсија се премачкува со путер, се обликува тестото, се реди на тепсијата, се покрива со масло и се става додатокот. Но се оставаат 2цм, слободни по ивиците , за да не тече преливот.

Прелив:

Се излупува доматот, се сече на тенки парчиња, па се реди на тестото.

Преку доматот се става риба, сардина и се обликува рамномерно,  во форма на ромб. На рамномерно растојание се редат маслинките и на крајот се става изрендан пармезан.

Се пече во добро загреана рерна на јак оган(200-250 степени) 20-30 мин. Се сервира топло.

Write A Comment