Потребни состојки:
– 500 гр тиквици
– неколку шери домати
– 60 гр путер
– 1 врзоп магдонос
– 100 гр сирење
– 2 јајца
– 50 гр изрендан пармезан
– малку бибер
– 125 мл млеко
– 100 гр брашно
– сол
Подготовка:
Исчистете ги тиквиците и изрендајте ги. Посолете ги и оставете ги барем еден час да отстојат за да ја испуштат непотребната вода. Ибаво исцедете ги. Исецкајте го ситно магдоносот и поделете го на два дела. Во исцедените тиквици ставете го млекото, јајцата, и растопениот путер. Измешајте го брашното, пармезанот, половината од исецканиот магдонос, посолете и зачинете по желба. Измешајте ги сите состојки убаво и смесата сипете ја на загреан тефлон да се пече на средна температура. Кога долниот дел од тестото ќе фати кора пресечете ја на четри дела, за да ви биде полесно да ја превртите. Откако ќе се испече извадете ја палачинката и сервирајте ја со сирење, шери одмати и посолете со преостанатиот магдонос.
