Неколку дена откако го „шутна“ манекенот од Париз, пејачката Katy Perry (27) веднаш си нашла нов дечко.
Овој пат, поп ѕвездата е забележана и фатена на слика како се бакнува со Robert Ackroyd, гитаристот од бендот Florence + The Machine и тоа на музичкиот фестивал „Coachella“, кој изминатава недела се одржуваше во градот Индио, во Калифорнија.
Katy била постојано насмеана и заводливо играла со новиот дечко. Била облечена во шарена комбинација која совршено одговарала со нејзината ново-стара, виолетова боја на коса.
Што вие мислите? Дали оваа врска на Katy Perry ќе потрае подолго?


