Мозаикот се смета за скапо парче уметност кое секако, се разликува од класичниот декор…
Некогаш, мозаиците биле користени за класичен луксузен декор, меѓутоа со тек на време, уметноста на мозаиците може да се користи и во модерен стил.
Италијанската компанија Vetrovivo, го креираше најневеројатниот ѕиден декор со модерен мозаик. Единствениот, рачно изработен декор дава карактер на ентериерот и го прави незаборавен. Ѕидовите, како големи и незаобиколиви бареиери помеѓу собите, ги покриваат речиси сите делови во просторијата. Со самата употреба на ѕидниот мозаик, може во потполност да се измени и освежи изгледот на секоја просторија. Ваквиот декор придонесува самата просторија, со доза на елеганција да пружи удобност и пријатност.
Преку мозаикот можат да се создадат извонредни уметнички дела. Освен тоа, оваа уметност е доста издржлива и лесна за одржување. Разните плочки овозможуваат неверојатна можност, преку дизајн на ентериерот, да го покажете Вашиот стил…















