Мода

Изразете ја својата романтична природа

Доколку спаѓате во романтичниот тип на личности, тогаш за вас вистински избор за  пролетва е да одберете романтична гардероба и во целост да уживате во своите чувства.

Плисираните набори, панделки, свилата и сите врсти на чипка , се едни од најромантичните елементи на трендот кој можете да го искористите оваа пролет. Со оглед на тоа дека овие модели се направени од лесен материјал, тој е совршен за летните жештини, а посебно за вечерните часови.

Клучот на овој стил се боите: комбинацијата на неутрални, пудрести, нежно розеви, сино-виолетова, шампањ, кремастра боја, тоа се тоновите на кои се дава најмногу акцент за оваа сезона. Доколку овие бои се ускладени, тие ќе зрачат со стилска едноставност и визуелно ги менуваат слоевитите комбинации на облека и модни додатоци.

Денешниот романтичен изглед ги спојува класичната елеганција и предизвикувачките кроеви,  како и поосебно обработените ткаенини. Наместо цел комплет, можете да изберете само некој додаток, од овој стил.

Романтичниот изглед можете да го изразите на повеќе начини, доколку сакате хипи или лежерен стил, вам повеќе ќе ви одговараат едноставни и класични комбинации. Експериоментирајте, препуштете се на чувствата, осетете ја романтиката во себе и сигурно нема да погрешите.

Write A Comment