ШоуБиз

Victoria Beckham дизајнира и автомобили :)

По дизајнирањето на облека, Victoria Beckham почна да се занимава и со автомобили. Имено, таа помогнала при дизајнирањето на специјалното издание на автомобилот Range Rover Evoque.

–          Останав доследна на себе си. Дизајнирав автомобил кој и јас самата, а и мојот маж би го возел, – изјавила Victoria при промоцијата на автомобилот.

Таа додала и дека претходно никогаш не правела вакво нешто и дека од ова искуство научила многу. Инспирација нашла на многу места.

–          Многу истражував. Не само за автомобилите, туку и за чамците, авионите и слично. Тешко е да се каже од каде точно ми е инспирацијата. Не сакам да навлегувам во технички детаљи, – додава таа.

Ова специјално издание ќе биде произведено во само 200 примероци и ќе чини 80.000 фунти.

Write A Comment