Убавина

Совети за убавина кои не сте ги знаеле

Веќе и врапчињата на дрвото знаат колку е добро да се пие вода. Но, постојат и некои други совети за убавина, и доколку ги знаете би ви помогнале многу.

Пластичните шишиња не се штетни само за околината, тие се штетни и за нашата кожа. Состојките кои ги има водата флаширана во пластично шише предизвикува предвремена појава на брчки, а при тоа и многу последици врз здравјето.

Изгорениците на настануваат само од сонце. Освен сонцето постијат и многу други извори на топлина. Дерматолозите препорачуваат да не се седи во непосредна близина до грејни тела или пак да не се седи предолго на сонце, бидејќи тоа го ослабува колагенот во кожата, а тоа доведува до стареење.

Секоја хидрантна крема е добра крема. Дерматолозите препорачуваат да користиме хидрантна крема секојдневно. Секоја крема која е дкларирана како хидрантна е добра за кожата. Таа содржи состојки кои ја навлажнуваат кожата, а со тоа и даваат сјај и потребна еластичност.

Сонцето е секаде. Не заборавајте да ставате крема со заштитен фактор. Сонцето го има насекаде. Па дури и кога седите под сенка UV зраците допираат до вас. Затоа не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор пред да излезете од својот дом.

И спиењето може да предизвикува брчки. Не се мисли само на одење во кревет со нечисто лице. И спиењето предизвикува брчки. Затоа е најдобро да одберете свилена навлака за вашата перница. Тоа ќе ја спречи појавата на брчки.

Write A Comment