Дочекајте го летото со нокти на кои многумина ќе им позавидат.
Едни од најважните атрибути кај секоја жена која мажите ја забележуваат се секако нежните раце и негуваните нокти. Тоа е и причината поради која жените толку многу се ангажираат во средувањето на ноктите.
Но што доколку Вашите нокти се кршливи ???
Решението е во Вашата кујна !!!
Маска за кршливи нокти
Потребни состојки
2 лажици мед
2 лажици растително масло ( маслиново масло )
1 мала лажичка сол
1 жолчка
Постапка на нанесување:
Намачкајте ги ноктите 2 до 3 пати на ден по 10 минути, доколку имате повеќе време искористете го за подолго држење на маската на Вашите нокти.
И уживајте во очигледното обновување на Вашите нокти !!!
