Ова не е нешто што претходно го немаме видено, но најновата гола слика на Heidi Klum е направена за „Astor Cosmetics“ и доаѓа во јавностa заедно со многу боја.
Супермоделот целосно се соблекува за оваа рекламна кампања, а шминкерката Joanne Gair ја нацртала по целото тело во чест на 60-годишнината од постоењето на брендот. Според Klum, на шминкерката ѝ требале цели 12 саати за да ѝ го нацрта целото тело.
– Мора да бидеш многу мирен. Мене не ми пречи да седам без да мрдам, па дури и кога се работи за толку долг период. Чест ми е да сум дел од таква уметност, – биле зборовите на Heidi.
