Дестинации

Hayman – ресортот кој докажува дека совршеноста сепак постои

Овој хотел со пет ѕвезди кој се наоѓа на остров во Австралија е мостот помеѓу егзотиката и Големиот корален гребен, кој се наоѓа во непосредна близина. Природната убавина која го опкружува овој хотел, нема да Ве остави мирни, едноставно, овде секој момент Ве тера да истражувате…

Во хотелот има 240 луксузни соби, а самиот изглед на хотелот е разигран, а комплетниот изглед на прекрасното сценарио го надополнуваат зелените шуми и тиркизните води. Внатрешниот дизајн е вкусна комбинација од  модерни детали ( прецизни геометриски форми и стаклени прозорци ), традиционален мебел и дрвени детали.

Целокупното чувство кое ќе Ве обземе во ова место е чувството на елеганција и префинетост…

Ве приближуваме кон него…

Write A Comment