ШоуБиз

Gaga соработува со Armani за светската турнеја!

Легендарниот моден дизајнер Giorgio Armani ја обелоденил својата соработка со планетарната поп ѕвезда Lady Gaga. Како што пишуваат модните списанија, модниот магнет и контроверзната пејачка ги здружиле силите за нејзината азиска турнеја со наслов „Born This Way Ball“.

Турнејата започнува на 27-ми Април, а на неа пејачката ќе носи интересни костими со потпис на Armani.

Модниот дизајнер изјавил за медиумите дека е воодушевен од фактот дека соработува со Lady Gaga, која според неговото мислење е мултиталентиран уметник и страшно, интелигентна личност.

Како вам ви се допаѓаат овие скици на костимите кои Gaga ќе ги носи на концертите во Азија?

Write A Comment